Најважната работа од Бостон Маратон 2017

Покрај илјадниците имиња, БИБ бројчиња и победници, оваа година бостонскиот маратон го трчаше и Катрин Свицер, една од најважните поборнички за женските права и еднаквост во атлетиката која во 1967 година успеа официјално да го истрча овој маратон и покрај забраната за учество на жени. 

Во 1967 година т.е. кога во светски рамки се уште постоеше една масовна полова дискриминација во атлетиката и многу други спортови, младата 20-годишна Катрин Свитцер се пријавува на бостонскиот маратон под иницијалите К.В. Свицер и со БИБ бројчето 261 успева да ја преброди случката со директорот Џок Семпл кој се обиде да ја исфрли од трката и успешно да ја заврши во знак на револт и кон промена на овие работи. 

Катрин не беше првата жена-поборник за едаквоста на полето на спортот, само година дена пред неа Роберта „Боби” Гибс успеа да се приклучи на маратонот и неофицијално да го заврши меѓу остатокот на мажи, а информации за вакви случки со цел искажување на револт и желба за рамноправно приклучување на женскиот пол во различни спортови имало и претходно – читајте повеќе тука

50 години откако Катрин Свитцер успеа да се „протне” и официјално да го заврши бостонскиот маратон како жена, носејќи го истиот БИБ број таа истрча и оваа година и претставуваше една од главните приказни на маратонот. 

Многу работи се имаат сменето од случката со оваа жена во 1967 година, а најголемо влијание со нивните смели потези играат токму овие жени. Во понатамошниот период таа формира кампања за уривање на забраната за жени на бостонскиот маратон до 1972 година, а попатно учествува во 39 светски маратони во знак на женската рамноправност. На маратонот во Бостон 1975 година таа го постигнува и нејзиниот најдобар резултат 2:51:33 кога завшува втора, а во Њу Јорк 1974 таа победува. 

„Трчањето е еден вид социјална револуција денес. Жените не земаат учество на трки само за да ослабат, тие го прават тоа за забава, за самодоверба. Тоа делува трансформирачки.” – изјави Кетрин. 

Во знак на почит кон Свицер, Бостонскиот маратон ќе го повлече бројот 261 од понатамошна употреба. 

Подоле следи видео од нејзиното финиширање

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија