Екологика

Најубавата соларна централа

За Валентинскиот 14ти февруари една сторија за како природата и жителите на еден остров си изразуваат љубов…

Некаде во пацификот на францускиот остров Нова Каледонија самата природа  си поиграла со својата креативност создавајќи парче вегетација на островот во форма на срце, нешто по што овој остров е познат и уникатен во светот. 

Сега жителите на островот праќаат еден француски „жтем” поздрав до природата, создавајќи ја најубавата соларна фарма во вид на срце, како одговор  на природата дека повеќе не сакаат да ја загадуваат со фосилните горива за своите потреби.

Соларното срце ќе почне да работи оваа година и ќе напојува 750 домови, а со својот 25 годишен животен циклус ќе го намали испуштањето на штетни гасови за 2 милиони тони и ќе придонесе за енергетската независност на жителите од овој остров. И си се сакаат локалците и природата…