Наслов

Најточак за 2013 (честит празник)

Прејдени веќе во `14та, празнично афектирани и сомнолентни налетуваме на најточак галерија за претходната ни година која легнува како орешник на бадникова трпеза овој продолжен празничен викенд. Честит Бадник и Божиќ (види кавер фотос).

Cycleеxif.com е сајтче на вело фанатикот на сликава кој доаѓа од Сиднеј. На сајтот, велосипедот е прикажан како многу повеќе од превозно средство ами уметност. Во содржината можете  да налетате на фотки од најразлични исклучително ретки типови на велосипеди заедно со некои детали и спецификации. 

Од сите можни точаци постирани минатата година, редакцијата избира топ 10. Меѓу многуте интересни се наоѓа и мотивот кој овој празник нè реши да ја направиме галеријава и кај нас (број 2.). A и број 3. не е лош!

Кој е ваш фаворит?

1. Mcfly Custom Prototype

2. Proposal: Russian Olympic Cycling Team

3. Bike-Be-Que

4. A-Train Cycles NAHBS 29er

5. Stoke

6. English Cycles Time Trial Mk2

7. Donhou Bicycles Flying Miler

8. Marc Jacobs Bamboo Bike

9. Division 1 Cinelli Vigorelli

10. Bishop Bikes Pista

06 Јануари 2014

За авторот