Старо добра приказна

Најтажната скијачка приказна на светот

Приказната за момчето од Дубаи кое никогаш нема скијано под отворено небо, а за природниот снег има слушано само приказни и за една светла точка која стои позади сето ова.

Дубаи е градот кој и покрај пеколните услови што може да ги има еден град во пустина тој има целосно вештачки контролиран мини ски центар кој се вика „Ски Дубаи“. Имаат нафта, имаат кеш, им се скија и им се може па зошто да немаат, нели?

Но, во целата оваа приказна има две тажни и една доста светла точка, па одиме по ред.

Првата тажна е тоа што едноставно несварливо ни е чувството, некаде каде во просек температурата низ годината не паѓа под 30 степени на Целзиус да постои и да функционира еден скијачки центар, едноставно не му е тука местото, нешто е тотално грешно, но на ова прашање не можеме да се противиме бидејќи сепак, тоа е еден личен избор на луѓето кои го изградиле. 

Втората тажна приказна е за момчето Менсур АлШали, еден од локалните скијачи во Дубаи кој што веќе една година скија, но никогаш не скијал под отворено небо, а за скијање на природен снег и паудер има слушано само некои прикажни и кажувања. 

Сепак, Ски Дубаи е таму каде што е со една друга суптилна причина. За да ги опслужи сите гладни души кои што сакаат да пробаат некој снежен спорт во таа пустелија и пошироко и да изнуди искрени насмевки од сите кои го користат и работат во него. Ски Дубаи има една прекрасна заедница која што со добра причина го одржува во живот ова вештачки извајано место. 

На крајот, можете да му завидите на Менсур затоа што тој сигурно скија повеќе од вас.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија