Наслов

Адидас удира на револуција

Иако беа потребни неколку години цртање и дизајнирање, Адидас конечно успеаа да ја извадат од фиока најскапата патика која е закажано да искочи на пазар овој Август.

Adidas Springblades имаат тотално футуристички изглед и за разлика од сите досегашни класични спортски патики, ѓонот не им е направен од пена, гума или што и да е, туку е составен од 16 „сечила“ направени од специјален материјал кои делуваат како пружина и имаат за задача да ја однесат ефикасноста при трчањето и другите спортски актвности на повисоко ниво.

„Сечилата“ имаат соодветен еластицитет и аглова поставеност што даваат поголем моментум према напред за разлика од останатите ѓонови кои прават кочење на енергијата во оваа насока.

И целиот овој дизајн и технологија ќе си дојде со соодветна цена. Во август, ќе биде официјалното пуштање во продажба на патиките, а за да ги купите ќе треба да издвоите 180 долари, повеќе од сите други конкуренти.

Галерија тука

28 Јуни 2013

За авторот