Наслов

Најлесните копачки на светот

Адидас официјално ги претстави новите „adizero 99g", дупло полесни од стандардните модели...

 

 

 

 

 

Адидас официјално ги претстави новите „adizero 99g", а нивната извонредно мала тежина е инспирирана од технологија на НАСА. 

Иновативната лабараторија на Адидас имаше повеќе обиди и презентации на „најлесна копачка“, но овој пат убедливо ја постигна целта, со речиси половина од тежината на нормална копачка.

Првичната идеја да се искористат материјали кои НАСА ги употребува во вселената била отфрлена, но сепак на крај тимот ја нашол добитната комбинација од полиестер, заштитен слој од полиамиден најлон и семиригиден скелет.

„Ваква редукција на тежината на копачките, ќе им помогне на фудбалерите да игаат на највисоко ниво и ја продолжува потрагата на Адидас по најдобрата технологија во фудбалот“ - велат менаџерите на Адидас.

Копачките ќе чинат 300 евра, а ќе бидат произведени само 299 пара, во број 9 по американскиот систем (42 2/3 по европскиот или 8 1/2 по британскиот). Играчите со друг број нема да ја имаат можноста да си набават соодветен пар.

21 Април 2015

За авторот