Најдобриот светски дизајн за термос шише

Линијата термоси “SIGG HOT & COLD”, која во 2014 година ја лансираше швајцарскиот бренд SIGG, е добитник на наградата “Red Dot Award 2014”, за извонреден продукт дизајн. Оваа етикета за специфичност е интернационално препознатлива и се однесува на производи со највисок иновативен дизајнерски квалитет.

Следејќи го нивното мото: “во потрага по извонредноста”, тим од 40 интернационални судии, преку повеќедневен процес на евалуација, го прогласија SIGG за “Red Dot” победник, помеѓу 4815 учесници. Оваа награда е една од најпрестижните награди за продукт дизајн во светот.

Oд Април оваа година, SIGG Hot & Cold линијата ќе биде изложена како перманентна поставка во ”Red Dot” музејот во Есен, Германија, како симбол на автентичност и софистицираност. На тој начин, SIGG Hot & Cold линијата ги следи стапките на алуминиумските шишиња од овој бренд – SIGG Alu Bottles, кои се изложени во музејот на модерна уметност “MoMA” во Њујорк.

Покрај совршениот дизајн, SIGG Hot & Cold термосите се карактеризираат и со врвен квалитет, истрајност и функционалност. 

Овие термоси се изработени од не’рѓосувачки челик и се потполно безбедни за употреба. Како и сите останати SIGG производи, и овие термоси не содржат токсични материи, и консумирањето на пијалоци од истите не дава никакви штетни последици по здравјето на човекот.

Дознајте повеќе