Наслов

Најдобриот пријател на тркачот

За време на ултрамаратонската трка 4 Desert Race која се одржува во пролетниот период во Монголија, натпреварувачот Дион Леонард се здружил со едно мало кученце кое го следело во понатамошниот дел од неговата трка - пријателство на прв поглед...

Откако минуваат повеќе од 250 километри трчајќи заедно низ монголските пустини, приврзаноста на натпреварувачот Дион и неговиот партнер расте неизмерно, но по завршувањето тие мораат да се разделат. Набргу по неговото враќање, Дион покренува акција за собирање на средства за нивно спојување и носење на кученцето во живеалиштето на Дион - Единбург.

Приказната за интересното пријателство зазема вирални размери на интернетот и голем дел луѓе помогнаа во собирањето на бараните 5000 фунти за потребните вакцинации и транспорт на кученцето од Монголија во Шкотска кој според Дион се очекува да стигне до Божиќ оваа година.

За време на трката двајцата имале доста интересни моменти на пријателство. Најпрво кученцето трчало со поголемиот дел од групата се до еден период каде се залепило за Дион и го следело во секој негов чекор. Екипата се дружела на повеќедневните етапи низ пустините и планините на Монголија, а во одредени делови Дион морал да го пренесува малиот Гоби низ длабоките реки кои се минувале.

Пријателствата помеѓу човекот и кучињата на вакви трки и настани не се реткост и достега имаме читано и пренесувано за слични вакви случки.

04 Август 2016

За авторот