Наслов

„Најдобрата“ музичка плејлиста за вежбање формирана од научник?

Кога науката ќе вмеша прсти во нешто релативно како што е вкус за музика, па уште и ти нуди „најдобра плејлиста“ за вежбање, е тогаш знаеш дека претерале. 

Др. Костас Карагеоргис кој што е еден од главните истражувачи на полето на спортска психологија на универзитетот Брунел ги здужи силите со Спотифај, сервис за стриминг на музика, и ја направија, според нив, најдобрата компилација на песни за вежбање. 

Плејлистата која е составена од 16те најмотивирачки песни е всушност исфилтрирана од повеќе од 6,7 различни фитнес компилации базирани на глобалната популарност, темпото, стилот итн. и изгледа вака:

1. Roar - Katy Perry - 92 BPM (Mental preparation)
2. Talk Dirty - Jason Derulo ft 2 Chainz - 100 BPM (Stretching)
3. Skip To The Good Bit - Rizzle Kicks - 105 BPM (Stretching)
4. Get Lucky - Daft Punk ft Pharrel Williams - 116 BPM (Aerobic/Warm up)
5. Move - Little Mix - 120 BPM (Aerobic/Warm up)
6. Need U 100% - Duke Dumont ft A*M*E - 124 BPM (Cardio training, low intensity)
7. You Make Me - Avicii - 125 BPM (Cardio training, low intensity)
8. Feel My Rhythm - Viralites - 128 BPM (Cardio training, moderate intensity)
9. Timber - Pitbull ft Ke$ha - 130 BPM (Cardio training, moderate intensity)
10. Applause - Lady Gaga - 140 BPM (Cardio training, high intensity)
11. Can't Hold Us - Macklemore & Ryan Lewis ft Ray Dalton - 147 BPM (Cardio training, very high intensity)
12. Happy - Pharrell williams - 160 BPM (Cardio training, very high intensity)
13. The Monster - Eminem ft Rihanna - 110 BPM (Stength training)
14. Love Me Again - John Newman - 126 BPM (Strength training)
15. Get Down - Groove Armada ft Stush and Red Rat - 127 BPM (Strength training)
16. #thatPOWER - will.i.am ft Justin Bieber - 128 BPM (Strength training)

Можеби на одредени ќе им се допадне, тука нема збор, но плејлистата наиде на низа негативни критики по мал милион основи, од самите песни па и поради фактот што сето ова е прашање на вкус. 

Докажано е дека музиката може да ни даде дополнителна сила и да не однесе на повисоко ниво кога вежбаме, но тоа никогаш не може да се унифицира во една плејлиста составена од еден научник.

14 Јануари 2014

За авторот