Нахрани ја љубопитноста

Вчера во продукција на Camp4Collective беше објавен новиот филм на The North Face, Curiosity („Љубопитност“) кој следеше дел од животните прикаски на тројца ултрамаратонци, Рори Босио, Тимоти Олсон и Хал Кернер на нивниот УТМБ настап, но и на еден наратор со британски акцент.

Приказната во филмот ја следи една од најтешките ултра-маратонски трки во светот, Ултра Треил ду Монт Блан која го заобиколува масивот на Мон Блан во Алпите минувајќи низ три држави и 170 километри со цирка 9,800 метри денивелација.

Епската трка во последно време е екстремно популарна и привлекува многу учесници кои бараат задоволување на нивната љубопитност, често, не затоа што тоа ќе им донесе нешто валидно или материјално туку баш поради нешто многу посуптилно и длабоко.

Филмот ги следи животите на тројца ултрамаратонци, меѓу кои и овогодинашната победничка во женска конкуренција Рори Босио низ нивните настапи на УТМБ, но тоа ќе ве оставиме самите да си го откриете во филмот. Она другото што е многу поинтересно е приказната за нараторот во позадина т.е. човекот кој ги прави малите скулптури од метал и парчиња карпа.

Тежината и вистината во неговите реченици му даваат една посбна димензија на краткиот филм, а фузијата на овие четири карактери и приказни е на едно маестрално ниво.

Човекот е Енди Паркин, британски алпинист кој живее во Шамони веќе 30 години. Во младоста тој ги притискал границите на своите можности на различни локации низ Хималаите и Алпите, а неговиот живот добива сосема поинаков тек откако одвај преживува во сериозна несреќа на планина. Оттогаш тој се целосно се фокусира на уметноста и се пронаоѓа во правењето на мали скулптури од метал и прачиња карпи и дрва.

Приказната за љубопитноста, за убавината во која што таа може да те однесе, но и за трагичноста во која што може да се западне, за двигателот на нашето битие е всушност приказната на овој човек, но и на сите нас.

На оваа трка токму тој ја имаше задачата да ги изведе 30-те мали трофеи кои беа доделени на натпреварувачите на УТМБ. Македонија ја имаше честа да биде претставена од тројца натпреварувачи на епската трка оваа година, Светлана Стојаноска, Жикица Ивановски и Јовица Јованчев. Сите тие успеаја да ја завршат што е одличен резултат со оглед на тежината, а Светлана успеа да стане и прва Македонка.

Следи „Љубопитност“

 

ИЗВОР

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија