На точак низ Австралија пред 100 години

Човекот и велосипедот отсекогаш формирале некаква чудно пријатна и позитивна алхемија, особено за авантуристички цели. Доказ за ова партнерство е типот што чисто за ќеиф и авантуризам возел од јужен до северен брег на Австралија пред точно 100 години и за наше задоволство имал Кодак. 

Едвард „Рико“ Раихенберг е момчето кое на негова 21 година во тоа доба го има поставено брзинскиот рекорд за минување на Австралија во правец север-југ со точак за точно 28 дена. Рико минал 3000 километри од поштата во Аделаиде до поштата во Дарвин во една четири неделна неверојатна авантура низ дивината на Австралија и тоа во период кога ретко кој се нафаќал на вакви подвизи, поточно во 1914 година. 

Рико тргнал со неговиот другар Џон кој што по недела дена од возењето истегнал лигамент и морал да ја напушти турата. Овој пак, страсен авантурист, и вљубеник во фотографијата го продолжил своето патешествие и со Кодакот фатил инзвонредни ремек дела кои се` уште се чуваат во библиотеката Северната територија.

По завршувањето на авантурата тој отвара продавница за фотографии и разгледници каде ги продава неговите дела од патешествието, но за една година подоцна тој се враќа на номадскиот живот низ дивината заедно со неговиот точак и фотоапарат.

Извор 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија