На болдер на Куп

Една многу фина репортажичка за Светскиот Куп во болдер каде што се собраа најдобрите качувачи во светот, а се одржа на 7 и 8 јуни во срцето на Вејл, САД. Следниот натпревар од овој ранг е закажан на 24 и 25 август во Минхен, Германија.

За овој Светски куп, единствениот на територијата на САД од овој ранг, се вели дека поминал со епски ѕид, качувачи (болдеристи) и опкружување.

Победниците на овој настан се Ана Штор во женска и Димитри Шарафутдинов во машка конкуренција.

За Димитри, кој зад себе има три освоени шампионски титули, ова е прва победа на Светски куп во неговата кариера.

Додека Ана е сериски победник каде ја издвои својата шеста победа од вкупно седум натпревари.

Останатите Светски купови во брзо и водено качување (speed and lead climbing) за летниот период погледнете ги во кратки црти на следните видеа…

На Светскиот куп во брзо качување кој што се одржа во Баку на 22 и 23 јуни 2013 година, победа во женска конкуренција издвои Јулија Каплина од Русија, додека во машка Станислав Кокорин, исто така од Русија.

На Светскиот куп во водено качување, во градот кој што се наоѓа високо на алпите, Бриансон, Франција, одржан на 19 и 20 јули 2013 година пред повеќе од 9000 гледачи победа издвои Јаин Ким од Кореа во женска и Рамон Јулиан од Шпанија во машка конкуренција.