На Армстронг му одземаа и олимписки медал

Интернационалниот Олимписки Комитет потврди дека на Ланс Армстронг му е одземен и бронзениот олимписки медал од Сиднеј 2000 година.

Комитетот делуваше откако од Армстронг беа одземени седумте Тур де Франс титули од страна на Интернационалната Велосипедска Унија во скандалот со допингување. Армстронг имал 21 ден да се пожали на одлуката, но тој тоа не го направил и со тоа одлуката стапила на сила. 

„Писмено го известивме Армстронг да го врати медалот кој го доби во Сиднеј 2000 година. Тоа беше одлука која ја донесовме пред Божиќ, само чекавме потврда дека тој нема поднесено жалба во врска со дисквалификацијата од Интернационалната Велосипедска Унија.”

Велосипедската Унија му ги одзема сите резултати кои тој ги има постигнато од 1 Август 1998 година па навака и доби доживотна забрана за професионално бавење со спорт.

Во интервјуто со Опра, Армстронг ја призна допинг аферата.