Музеите на Меснер

Како еден од пионерите на најголемите алпинистички и општо планинарски достигнувања во светот, а пред сè како една голема мудра човечина, Рајнолд Меснер е правиот човек што се решава да го дополни белегот што ќе го остави врз светската планинарска историја. Еве ги неговите шест музеи, сите сместени на северот во родната Италија кои се посветени на планинарењето, алпинизмот и љубовта кон планините и природата. 

Рајнхолд Меснер е роден на северот од Италија во автономната провинција на Јужен Тирол сместена меѓу Доломитите. Под големо влијание на неговиот татко Јосеф тој уште од најрана возраст започнува да планинари и да се бави со алпинизам за веќе на 26-годишна возраст заедно со неговиот брат Гунтер да го искачат врвот Нанга Парбат, еден од врвовите на Хималајската круна т.е. од четиринаесетте врвови повисоки од 8000 метри. 

Ова искачување на Нанга Парбат на симнувањето завршува трагично откако Гунтер го губи животот. Меснер во текот на неговата понатамошна богато исполнета алпинистичка кариера повеќепати ќе се навраќа на Нанга Парбат по моштите на неговиот брат но никогаш нема да го пронајде. Во 1986 година тој успева да го заврши неговиот најголем алпинистички подвиг, искачување на сите 14 осумилјадарки без користење на суплементарен кислород со што трајно влегува во историјата на планинските спортови. 

Во 2003 година започнува да го гради проектот наречен Messner Mauntain Museum – Планинските Музеи на Меснер кој ден денес сочинува серија од шест музеи сместени на различни локации на северот од Италија секој од нив посветен на различно делче од планинската историја, култура и љубов кон природата. 

Повеќе за Меснер на нашиот портал ќе најдете ТУКА, а ТУКА ќе прочитате грст мудрости од овој лик

Одиме со неколку фотки од музеите – кликајте на имињата за директен линк до главната страна, па кога ќе имате можност посетет некој од нив. 

DOLOMITES

CORONES

FIRMIAN

JUVAL

ORTLES

RIPA

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија