Наслов

АРМ достојно се претстави на 6-те Светски Армиски Игри

Во период од 2 до 11 октомври во Мунгјеонг, Ј. Кореа се одржаа Шестите воени Олимписки игри на кои настапија и седум наши армиски репрезентативци во атлетика и борење.

Милош Ранчиќ, Благица Димитрова, Игор Цветановски, Жан Тошев, Саше Даневски, Иле Ѓоргиев

Во дисциплината маратон настапија Жан Тошев, Игор Јакимовски и Игор Цветановски. Во дисциплина 10,000м настапија Жан Тошев и Милош Ранчиќ кој настапи и на 5000м. Саше Даневски настапи на 1500м, додека единствената девојка Благица Димитрова настапи на 800м и 1500м.

Наш преставник во борење беше Иле Ѓоргиев кој настапи во катеоријата до 65 кг. Репрезентативците постигнаа свои најдобри резултати во своите категории и спортови, меѓутоа пласманот беше послаб бидејќи на оваа олимпијада се натпреваруваа со многумина светски и олимписки шампиони кои на ваквите глобални натпреварувања се натпреваруваат и за своите држави како преставници на нивните армии. Истите тие спортисти од светскиот врв и на оваа воена олимпијада ги собраа сите медали и ја потврдија својата врвна форма како шампиони во своите спортови и дисциплини.

Игор Јакимовски, Жан Тошев, Игор Цветановски, Саше Даневски

Најуспешна армија на оваа олимпијада беше Русија која убедливо уште еднаш потврди дека е број еден во воените спортови. Домаќинот на воената олимпијада Ј.Кореа го потврди статусот за одлични оранизитори на глобални спортски натпреварувања.

Имено тие досега ја направија најдобро организираната олимпијада при што ги воодушевија сите кои беа дел од овој настан. Меѓу сите нивни професионални и совршени моменти во таа организација, највпечатлив момент беше навивањето и бодрењето на маратонците додека трчаа во градот Мунгјеонг. Имено многу граѓани на овој град ги подржуваа учесниците веејќи знамиња од нивните држави.

Иле Ѓоргиев

Кога ќе поминеше маратонец покрај нив, тие го препознаваа од која држава е и токму на неговиот јазик изговараа (АЈДЕ - НАПРЕД) . Нашите репрезентативци го почувствуваа тој момент кога кореанците ги бодрат на македонски јазик - Вели Игор Јаќимовски дел од атлетскиот тим.

15 Октомври 2015

За авторот