Наслов

МОК продолжува со инвестициите во ракометот - 40,000 ДОЛАРИ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ

Македонскиот олимписки комитет за предстојното Светско првенство во ракомет во Франција (11-29 Јануари 2017 година), за потребите на машката ракометна репрезентација обезбеди финансиска помош во износ од 40,000 американски долари, средства наменети за подготовки и учество на нашите најдобри ракометари на овој најголем ракометен настан во 2017 година.

Да потсетиме дека нашите најдобри ракометари играат во групата Б, заедно со репрезентациите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.

Како и секогаш силно веруваме во квалитетите на нашите најдобри ракометари и дека тие на ова светско првенство ќе го прикажат своето најдобро.
Македонски олимписки комитет

26 Декември 2016

За авторот