Во пресрет на ОИ РИО 2016

МОК обезбеди 60,000 долари за РФМ

Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски обезбеди 60,000 долари за најдобрите македонски ракометари, во насока на нивни што е можно подобри подготовки за ЕП во Полска, каде што може да се избори директно учество на ОИ РИО 2016, а доколку биде потребно и на квалификациониот турнир за учество на Олимписките игри.

Финансиските средства се веќе на сметка на РФМ и МОК верува дека нашите најдобри ракометари во 2016 година, ќе го дадат своето најдобро и ќе го реализират сопствениот, а и сонот на сите граѓани на Македонија.
Во исто време, МОК доби и покана од организациониот комитет како и од Полскиот олимписки комитет да биде нивен гостин за време на ЕП во Полска, која МОК со големо задоволство ја прифати.