МОК И МТФ ВО ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ НА ТЕНИСОТ ОДДРЖАН ПРВИОТ МОДУЛ – ИТФ НИВО 2

Во организација на Македонската тениска федерација и Македонскиот олимписки комитет, во периодот од 13 до 25 Ноември 2017 година се одржа првиот модул од ИТФ обукaта за тениски тренери.

Обуката беше организирана на високо ниво и финансирана со средства обезбедени од страна на Македонскиот Олимписки Комитет На обуката учествуваа 12 тренери од 6 тениски клубови членки на Македонската Тениска Федерација.

Предавачи на Модулот 1 беа ИТФ експертот Алеш Фришчиќ и домашниот експерт Горан Шевченко. Дванаесет дневната обука беше реализирана 65% во предавална и 35% обука на тениски терен.

Македонските тениски тренери беа запознати со најновите информации како што се методи на учење, биомеханика, техника, анализа и подобрување и индивидуален тренинг, поставување на цели на работа, изработка на профили на тенисери и планирање на тренажниот и натпреварувачкиот процес, улогата на тенискиот тренер, ментален тренинг, рашавање на конфликти, управување со тренерскиот тим (во рамките на клубот) и многу други теми од интерес за развојот на тенисот во Република Македонија.

Обуката на тениските тренери ќе продолжи со Модулот 2 – Ниво 2, кој е ќе се одржи во месец Април 2017 година.