MЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СПОРТОТ ПРЕКУ МИР И РАЗВОЈ 6-ТИ АПРИЛ

Наслов

MOK го одбележа денот на спортот на Обединетите нации

На 6 април 2014 година, Меѓународниот ден на спортот за развој и мир за прв пат се одржа прослава за светот на спортот, со што се нагласија искрените напори за развој и градење на мирот преку спортот.

По две успешни изданија на овој настан (во Тетово и Скопје), Македонскиот олимписки комитет и оваа година, во соработка со општината Карпош и О.О.У. "Братство" заедно го одбележаа овој меѓународен настан, кој е дел од 200 глобални проекти и настани кои се одржуват во повеќе од 80 држави низ целиот свет.

Меѓународниот олимписки комитет ‪како и Здружението на летните олимписки меѓународни федерации силно ги охрабрија своите членки, националните олимписки комитети и спортските федерации да учествуваат во организацијата на овој настан. Исто така, од страна на Канцеларијата за спорт на ООН, беше лансирана дигитална кампања за развојот и мирот преку спортот, проект кој го прикажува позитивното влијание на спортот и може да придонесе кон унапредување на човековите права како и да донесе одредени социјални и економски промени.

Тагови: 
06 Април 2016

За авторот