Мојот нов веб проект- MarioFit!

Со ооогромно задоволство, среќа и исполнетост сакам да го најавам мојот личен веб простор, односно моја лична веб страна – www.MARIOFIT.net!

Од секогаш било моја огромна желба, која пред одреден период ја поставив како цел и за кратко ќе ја остварам, да имам моја веб страна, во која ќе биде вклучено моето име и ќе ме претставува лично мене и мојата пасија кон фитнес и бодибилдинг начинот на живот.

Како и за се друго, така и во овој случај – невозможно е се да оствариме сами. Па така, јас и момците од Tivius Productions – Благој Ѓелевски и Александар Ѓелевски веќе одреден период напорно работиме на овој проект кој за кратко време ќе биде завршен.

Проектот www.MARIOFIT.net ќе биде почеток на едно ново поглавје во мојата досегашна кариера, едно ново искуство кое нетрпеливо чекам да го започнам. Вложивме и сеуште вложуваме многу време и енергија во креирање на овој веб простор кој ќе биде доста интересен и невообичаен.

Содржинскиот дел ќе биде доста исполнет, од постови за исхрана, суплементација, тренинзи, вежби, тренинг програми, рецепти, видео содржини, мотивациони слики, постови и видеа, новини од сите актуелни меѓународни и интернационални бодибилдинг и фитнес натпревари и случувања, понуди за соработка со мене и уште многу, многу други работи, да не ги откривам сите пред време…
Ако работите течат како што би требало, се надеваме дека почетокот на следната работна недела страна ќе биде пуштена. Затоа, бидете така, за кратко ќе се дружиме!