Наслов

Мојот нов личен рекорд на 10км

Aтлетската федерација на Македонија ме избра да бидам единствениот македонец што ќе ја претставува нашата земја на европскиот куп во Правец Р.Бугарија. Со задоволство прифатив да бидам дел од ваква убава спортска манифестација, а трката на 10км ми беше мој личен предизвик да си го подобрам личниот рекорд кој до денес изнесуваше 34 минути 24 секунди

Во ваква силна конкуренција сум задоволен што остварив мое најдобро време 33 минути и 12 секунди, а овој резултат е најдобар во нашата земја во последните неколку години. Ова ми е посебен мотив да продолжам да тренирам и да остварам уште подобри резултати

Од 33 учесници, јас бев 24ти. Силната кокуренција од атлетичари од европските гиганти во атлетиката придонесе за дополнителна инспирација и мотивација и ова за мене ќе остане едно големо искуство затоа што ретко имам можност да учествувам на вака големи натпревари
Оваа форма ми ветува дека во вториот дел од сезоната можам уште повеќе да го подобрам овој резултат, па следна цел ќе ми биде да истрчам под 32 минути.
Се надевам дека овие резултати ќе бидат забелезени од некои лица и институции и ќе добијам помош за да остварам уште подобри времиња и да можам подобро да ја претставувам Македонија.

Спортски поздрав!

09 Јуни 2013

За авторот