Наслов

Младите олимписки надежи по олимписки норми во Грција

Во рамките на програмата на Македонскиот олимписки комитет, а во врска со претстојните втори младински Олимписки игри кои ќе се одржат во периодот од 16-28 Август 2014 година во Нанџинг, Народна Република Кина.

Фото од првиот тренинг во Лариса

МОК во целост финансиски го поддржа учеството на нашите најдобри млади пливачи – 11 (единаесет) јуниори кои ќе учествуваат на Балканското првенство кое ќе се одржи на 26 и 27 Април 2014 година, во Лариса, Грција. Македонскиот олимписки комитет во целост ќе ги покрие трошоците за транспорт, сместување и исхрана и ќе обезбеди опрема за целата македонска делегација која ќе настапи на Балканското јуниорско првенство.

Учеството на Балканското првенство е од големо значење, бидејќи можните одлични резултати ќе значат и остварување на квалификациска норма за учество на нашите млади пливачи на Младинските олимписки игри Нанџинг 2014

25 Април 2014

За авторот