Мислиоски со одличен резултат на атлетскиот митинг во Елбасан

На ден 24.05.2019 година нашата атлетска репрезентација настапи на атлетскиот митинг во Елбасан Албанија.

Највредниот резултат со остварена победа во дисциплината 3000м ја направи Муџахид Мислимоски, член на АК Лирија. Тој оствари победа пред познатиот албански репрезентативец и неприкосновен шампион во својата земја на средни и долги патеки Илир Келези со фантастично време од 09.03.72.

Ова време на ова дистанца од 3000м е второ по вредност резултат од македонски атлетичар после резултатите на Дарио во последните десет години, а воедно најсериозно приближување на границата од 9 минути, односно да се истрча ова делница со пејс под 3мин од км.

За сите добри познавачи на атлетиката овој резултат не преставува никакво изнендување од Муџахит.

Тој во последните 30тина дена истрча две моќни трки на 10.000м ( 33.56.00 ) и полумаратон ( 01.14.19 ) на кои успеа да постигне фантастични резултати кои беа за него најдобри лични постигнувања .

Сите овие негови постигнувања, успеси и лични рекорди доаѓаат во годината кога тој со голем успех ја финишира едногодишната обука за полициски службеници во МВР.

И покрај неговите обврски на ова обука, тој наоѓа време за да ја одржи својата подготвеност и да стартува целосно подготвен за атлетските трки.

Роден е и живее во с. Мамудовци Кичевско каде сам тренира во слободното време. Тој секоја можност ја користи и заедно тренира со Игор Јакимовски МC и неговиот тим MC Running team од каде и всушност во изминатите години излегоа многу познати атлетски имиња како што е и Дарио Ивановски.

Муџо е скромен и вистински работник во атлетиката кога се работи на она што е највредното во кралицата на спортовите – резултатот. Со него сум работел многу тренинзи во спортскиот центар Крушино, Кичевско и скоро да не памтам тренинг кој не го одработил целосно посветено и мотивирано до крај. Се работи за неверојатен талент кој остварува резултати оставен сам на себе во својот роден крај во Кичево. Неговиот атлетски клуб Лирија, кој е вистински расадник за таленти во атлетиката е неговата неопходна поодршка и на сето тоа тренерот Рахман Алија му помага во сите негови активности. Сепак неговата атлетска кариера ќе го достигне својот зенит кога би живеел и тренирал во Скопје со најдобрите атлетичари во група.

Муџахит тука не застанува. Оваа сезона има уште многу поставени цели на престојните натпревари. Од него се очекува моќен настап на европското првенство во 3та лига на кое организатор е нашата земја, а истото ќе се случи на 10 и 11 август на националната арен – Изјави Игор Јакимовски тренер во MC Running team

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија