Мирческа прва на ултрамаратонот во Крф, Стојкоски втор

Викендов на планинската трка Корфу Маунтин Треил (Corfu Mountain Trail) која има неколку различни дистанци настапуваа нашите планински тркачи Мери Мирческа и Александар Стојкоски од Прилеп. Тие успеаја да постигнат одлични резултати и да се пласираат на првото и второто место во нивните трки. 

На ултрамаратонската дистанца од 105 километри и 4200 метри висинско качување Мери Мирческа беше прва со време од 15:47:47 со 20-тина минути предност пред второпласираната Хеле Манвик и скоро 2 часа пред третопласираната натпреварувачка Силвиа Лубик. 

Александар Стојкоски учествуваше на трката од 40 километри и 2200 метри висинско искачување и заврши втор со време од 4:33:21, 15-тина минути позади првопласираниот Луи Ангел Техедор 4:15:45. Трката на 40 километри ја заврши и нашиот Ивица Јовановиќ со време од 8:02:12

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија