Минимална доза вежбање?

Констатирана е најмалата доза вежбање што ви е потребна за да ги постигнете сите здравствени ефекти што ги нуди физичката активност…

Физичката активност и вежбањето имаат бројни здравствени придобивки, почнувајќи од намалување на ризикот за кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, деменција, депресија, па дури и некои видови рак. Дека вежбањето е лек за многу болести се сложуваат бројни експерти и научници, меѓутоа една група се зафатила со изнаоѓање на минималната доза…

Како што пренесува ЈАМА, минималната магична доза што ќе ви обезбеди здравствени придобивки се мери, не во часови, туку во минути. Преку анализа на повеќе студии авторите на истражувањето дошле до бројка од 15 минути дневно, која иако мала, фали во секојдневната рутина на најголемиот дел од популацијата.

Инаку, оваа бројка преточена на неделно ниво значи дека можете да поминете 2.5 часа неделно со понизок интензитет или 1.5 часа неделно вежбање со повисок интензитет за да ги добиете посакуваните ефекти врз здравјето.


Можно е да ве интересира – ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ ИЗЛЕГУВАТЕ ОД ФОРМА?


Спротивно на ова пак, студијата изнајде и резултати кои (како и во одредени претходни испитувања) велат дека вежбањето многу повеќе од овие бројки на дневно или неделно ниво (пр. и до 100 минути дневно или пак повеќе од 12 часа на недела) не делуваат значително на морталитетот. Односно, исто ви се фаќа ако гледате од тој аспект (се разбира дека не се фаќа исто од гледиште на вашата спремност и подготвеност). 

Во продолжение, научниците истакнаа дека ова вежбање во екстреми не доведува до негативни ефекти врз здравјето на човекот. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија