SUPing на Св.Наум

SUP минифилмче на Свети Наум

Тричасовна екскурзија на едно од најубавите места во Македонија.

Св. Наум, недела наутро, 6 часот. Ова е вистинскиот период од денот за да се види чистотата, убавината и природата на ова прекрасно место, кое воедно е и едно од најубавите места во Македонија. Оддалечено од Охрид на само половина час ова место изобилува со зеленило, извори на вода, риби, патки, пауни, неколку цркви и прекрасниот манастирски комплекс кој во неговиот склоп има и угостителскиот објект и хотел.

За време на ова 3 часовно искуство успеав да видам работи на Св. Наум што ги немам видено многу години, можеби од основно кога не` носеле на екскурзии низ Македонија. Изворите на Црн Дрим ги поминав на SUP (stand up paddle board), што летно време може да се разгледа со водич и кајче.

А потоа го искористив моментот додека се` уште не беа дојдени луѓето на работа да просетам низ манастирот заедно со пауните кои го преплавуваат овој комплекс, па успеав и да ги нахранам со пченка која е оставена за нив од страна на монасите на овој манастир.

Во целост, едно незаборавно искуство, кое за среќа успеав и да го снимам со мојата камера, па сега да можам да го споделам и со вас. Уживајте..