Наслов

Милена Чкрипеска поставува нови рекорди

Пред некое време Милена го истрча второто најдобро македонско време во женска категорија на маратон, потоа го постави новиот национален рекорд на 10 километри, а изминатиов викенд го сруши и рекордот во полумаратон.

Милена Чкрипеска од АК Академик Џамбазовски - Прилеп на маратонот во гратчето Виланова во близина на Барселона заврши на првото место во женска конкуренција во апсолутна и сениорска категорија со време од 1:26:01 и со тоа го истрча новото најдобро женско време на полумаратон во Македонија. 

Ова го велат прелиминарните резултати од маратонот кои се очекува да бидат потвредени во скоро време, а исто така, се очекува и потврда од нашата атлетска федерација за новопоставеното најдобро време.

Претходниот рекорд во оваа категорија го држешеВесна Кираџиева поставен на полумаратонот во Горица, Италија со време од 1:27:50. 

14 Декември 2015

За авторот