Милена Чкрипеска го истрча второто најдобро време на маратон во женска конкуренција

Викендов на маратонот во Валенсија, Шпанија, Милена Чкрипеска од Прилеп го постигна својот личен рекорд, но и втор најдобар резултат во историјата на женското маратонското трчање во Македонија.

Милена, на престижниот маратон во Валенсија, забележа време од 3 часа 11 минути и 58 секунди, што е само 4 минути и 3 секунди зад националниот рекорд. Ѝ честитаме и ѝ посакуваме и понатаму да го подобрува својот резултат.

“Денеска, на престижниот Маратон во Валенсија, Милена оствари ФАНТАСТИЧЕН резултат. Се пријави за трката и не кажа никому, освен на најблиското семејство и неколку другарчиња. Без бомбастични најави, без експонирање по медиуми. Тренира сама, сама одлучува за трки, сама одлучува што и кому да каже 🙂 Типично за неа. Тргна со скромна прогноза од 3 часа и 30 минути, а трката ја заврши со фасцинантни 3:11:58!!!

Верувале или не, ова е втор најдобар резултат во историјата на женското маратонско трчање во Македонија, само 4 мин. и 3 сек. послаб од националниот рекорд на Весна Кираџиева. А ова е само ВТОР МАРАТОН на Милена!

А што се однесува до маратонското трчање во Прилеп, нескромно истакнуваме дека ова е најдобар резултат на Прилепчанец/ка во оваа света и херојска дисциплина! Да, токму така, овој резултат е во моментов бр. 1 и во машка и во женска конкуренција!” напишаа од ОК Златоврв официјалниот фејсбук профил, кој е воедно е и матичен клуб на Милена.

Официјалните резултати на следниот линк.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија