Наслов

Месечување #5 (ноќно качување на Матка)

Идејата е да се дружиме ноќе, малку да тренираме ноќно качување кое е потребно да се знае.. но многу повеќе да избегаме од топлото време во лето и навечер кога ќе разлади да качуваме.. да украдеме малку време за качување после дневните работни обрвски, забава пред сè.

на почетно сидриште

Месечување е настан кој спонтано се договоривме така да се вика, веќе пишував за ова кај Месечување#1. Тоа е неформален собир во кој се искачуваат долги алпинистички насоки ноќно. До сега имаше вакви 5 официјални средби. Многу повеќе неофицијални.. Идејата е да се дружиме ноќе, малку да тренираме ноќно качување кое е потребно да се знае.. но многу повеќе да избегаме од топлото време во лето и навечер кога ќе разлади да качуваме.. да украдеме малку време за качување после дневните работни обрвски, забава пред се.

второ сидриште од насоката Матка лева

Вторникот се одржа Месечување #5, малку после полна месечина, но доволна сјајна. Одлично пролетно време, 6 алпинистички наврски, 13 качувачи, и качени 6 различни долги алпинистички насоки. Отмар лева варијанта, Отмар, Матка лева, Циго, Ветерански и Борник се имињата на качените насоки. До наредното месечување.

на излез од насоката Отмар лева варијатна

21 Март 2014

За авторот