Медитерански игри на песок – Пескара 2015

Во периодот 28.08 до 7.9 во Пескара, Италија ќе се одржат МИП на кои ќе учествуват и спортисти од Република Македонија.

Македонскиот олимписки комитет МОК на овие игри ги пријави Никола Кутановски (акватлон) и Никола Василевски (пливање). Трката во пливање (5000 м.) е на програмата на 30.08, додека трката во акватлон е на 6.09. Вчера, се одржа и Генералното Собрание на Меѓународниот Комитет на Медитеранските Игри (МКМИ) на кои за домаќин на Медитеранските игри 2021 е избран градот Оран, Алжир. Косовскиот олимписки комитет (КОК) поднесе барање за прием во МКМИ, но со одлука на членовите на МКМИ (38:32), барањето не беше прифатено и КОК не успеа да стане член на МКМИ.