Летните олимписки игри на Специјална Олимпијада Лос Анѓелес 2015

Наслов

Медали во сите спортови кај Македонскиот тим

Од 25 Јули до 02-ри Август во Лос Анѓелес, САД се случуваа Летните Олимписки Игри на Специјална Олимпијада, најголем глобален спортски и хуманитарен настан, на кој 7000 атлети, 3000 тренери од 177 земји ќе се натрпеваруваат во 25 Олимписки спортови и ја демонстрираа храброста, одлучноста и спортскиот дух пред повеќе од поливина милион директни навивачи на спортските арени.

На овие игри свое учество имаше и Специјална Олимпијада Македонија со најголема олимписка делегација и со најмногу освоени медали во историјата досега.

„Ова е најуспешен настап на нашата делегација на некои олимписки игри. Во сите олимписки дисциплини во кои се натпреварувавме, атлетика, пливање, пинг понг и Јунифајд кошарка освоивме медали. Со гордост се враќаме во Македонија за да ја споделиме радоста со домашната јавност. Овие Олимписки игри само потврдија дека нашите атлети со интензивни тренинзи во рамки на програмата на Специјална Олимпијада Македонија може да освојува медали во големи рингови. Им благодариме на сите поддржувачи кои веруваа во нас и нашиот тим " – вели Ана Петровска водач на делегацијата на Олимписките игри на Специјална Олимпијада и претседател на Специјална Олимпијада Македонија.

Во продолжение е листата на носители на медали на Светски летни Олимписки Игри на Специјална Олимпијада Лос Анѓелес 2015

Атлетика
Јулијана Петровска - злато на 100 метри
Ајвази Себат - сребро атлетика 200 метри
Ајвази Себат – сребро атлетика 400 метри
Албан Бајрамовски - сребро на 400 метри

Пливање
Марио Мицковски - злато 25 метри слободен стил/сребро 50 метри
Стефан Трпковски - бронза 25 метри слободен стил/сребро 50 метри
Јована Павловиќ - бронза 50 метри пливање слободен стил

Пинг Понг
Фатиме Бељур – бронза
Давид Стојановски – бронза

Кошарка
Унифајд тим – сребро освоено во мечот Македонија - Брегот на Слоновата коска

Делегацијата на овие Олимписки игри учествува со 18 Атлети кои ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини: пливање, пинг понг, атлетика и јунифајд кошарка.
Реализацијата на овој значаен светски настан беше овозможена со поддршка на 300 000 волонтери кои несебично се вложуваат во беспрекорната подготовка на настанот, а ЕСПН обезбеди медиумско покривање на Олимписките игри со што сите земји учеснички има можност директно да ги следат своите делегации.

04 Август 2015

За авторот