Мазга меѓу рекет спортовите

Ако сакате рекет спорт без ограничувања на просторот, подлогата, па дури и времето дали е вечерно или денски, тогаш спидминтон е спортот за Вас! Мелезот од рекет спортовите е динамичен и интересен и плени со својата брзина и практичност што сигурно ќе ве натера да го пробате. 

 

Брзиот бадминтон (Speed Badminton) или спидминтон (Speedminton) е варијанта на бадминтон, но без мрежа каде играта се одвива во надворешни услови и е подинамична. Овој спорт комбинира правила на бадминтон, сквош и на тенис. Спидминтонот е веќе распространет низ целиот свет, се одржуваат официјални натпревари, а во некои земји се основани и првите федерации за спидминтон (Германија и Швајцарија).

Идејата за оваа игра била создадена во Берлин првично под името “shuttleball”, а со време е преименувана во “Speedminton”.

Се што ви е потребно се два рекети и спидер (специјализирано топче за спидминтон). Спидерот е специјално дизајниран за игра во надворешни услови, отпорен е на ветар и достигнува стабилна дистанца до 30 метри. Постојат официјални димензии на теренот (две коцки од 5.5 метри), но освен на официјалните натпревари каде правилата на игра и терен се неопходни, во други случаи немате никакви ограничувања.

Можете да играте во парк, на плажа, во двор, на игралиште, на улица, а можете да играте дури и навечер со помош на светлечкиот ноќен спидер. Во секој случај, забавата е загарантирана…

 

Марија Шарапова е исто така ентузијаст во овој спорт и во моментов е задолжена за маркетинг и промоција на истиот!

Повеќе за играта тука!