Наслов

Маврово Jam Session 2018

Во саботата на 31-ви Март во Ски Центарот Маврово се случи првиот Jam Session кој покрај најавата за силен ветер се одржа и се беше во најдобар ред.

Фото: Иван Нешовски fotoROOT

Ски Маврово во соработка со SSNL екипата од Битола и Марко Дарков како главен шејпер имаше поставено дволиниски терен со елементи и голем скок за Air Bag-от кој нажалост не беше во функција поради силниот ветер.

Учество земаа околу 20-тина натпреварувачи кои беа оценувани од трочлено судиско жири, кое на крајот ги даде победниците по категории...

Best Style - Николче Михајловски - Слаткарот
Best Trick - Иван Георгиев
Best Lady - Илзе Тими Донев

кои добија вредни награди од Drop In Shop Скопје.

Покрај натпреварувачкиот аспект настанот имаше и забавен карактер кој беш исполнет со музичка програма поддржана од дј Гоце Саф и дј Страјк, воедно и веселите екипи на Red Bull и Jegermeifter.

Со овој настан се докажа дека Freestyle сцената во Македонија постои и има простор за развој. Забавно беше да видиме 7 годишни деца како имаат храброст и се обидуваат да прескокнат буре или да поминат 6 метарски бокс кое само ја потврдува идеата на Ски Маврово за комплетно рестартирање на забавниот freestyle парк во следната скијачка сезона.

Линк до галерија ТУКА.

05 Април 2018

За авторот