Мартовски поздрав од Караџица
Пренесуваме во целост, затоа што така е најслатко
Пишано на 11 март 2015 година од ПД Караџица
По преспивањето во домот на единствениот жител во с.Алдинци- Џелил (до каде успеавме да пристигнеме вчера) планинарската патека до п.дом Караџица е успешно пробиена во текот на денешниот ден. Висината на снегот е во просек 60-70 цм, на места и до 130 цм, а патот за возила не прооден.
Планинарски поздрав од Филип, Андреј и Спасе.
п.с.Би сакал да можев да ви го пренесам мирисот и вкусот на чорбата од вргањ и планинскиот чај 🙂
И годинава има тазе снекче во овој период од годината така што не се двоумете да отидете ако имате можност 🙂