Марк Маркез, мотор и снег

За оние што не пратат моторциклизам и го знаат само Валентино Роси, добро е да знаете и дека Марк Маркез е најмладиот светски MotoGP шампион со 3 титули од Премиер класата што сака да ги поместува границите на екстремниот мотоциклизам.

Тој потекнува од Cervera, Шпанија, каде на возраст од 4 години прв пат се качил на моторцикл и брзо потоа почнал да собира награди. Од 2005-та година почнува да осовјува сериозни натпревари на светско ниво и напредува во кариерата така што на 15 години и 127 дена стана најмладиот возач што некогаш го освоил Британското Grand Prix.

Понатаму се префрла на Дерби моторцикли за Ајо Мотоспорт и повторно постигнува успех со освојување на првото Светско првенство, пред да прејде на Мото2 во 2011 година.

Во 2017-та година, сувите терени веќе му се усовршени и тој наоѓа нов предизвик со својата Repsol Honda RC213V MotoGP да ја помине најтешката стаза Ханенкам (Hahnenkamm) на Светскиот Ски куп во Кицбил, Австрија. Прави спуст со својот MotoGP моторцикл на чии гуми се вметнати челични боцки.

Погледнете го видеото и сè ќе ви стане јасно…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија