Сезоната 2016 е отворена за победи

Марјан Бонев прв на трка со препреки во Баварија

Успешен старт во првиот месец од натпреварувачката сезона за Марјан Бонев кој на трката Allgäuman 2016 во должина од 20+ километри со 30 препреки која се одржа во Баварија, Германија меѓу 700 учесници го освои највисокото прво место.

Трката се одржа во малото градче Фусен во Сојузна Баварија. Се трчаа и преминуваа препреки главно на пресушениот дел од езерото Форген, на кејот на реката Лех и во самиот центар на градот. Трчање десетина километри во кал, преминување на брзи реки, пливање под мрежа, носење вреќи по стрмнини нагоре-надоле се само дел од препреките кои не изостанаа и на оваа трка, но сепак најпредизвикувачката која мал дел натпреварувачи ја поминаа без користење на јаже беше преминувањето на 4,5 метри висока конструкција.

Оваа трка е дел од низата на трки со препреки кои се во календарот на Бонев за оваа година. Сепак тој истакна дека најпредизвикувачка и најтешка очекува да биде Европското првенство на трки со препреки кое ќе се одржи на 11ти Јуни во Холандија.

Пред скоро (1ви Март) Бонев истакна дека како единствен Македонец кој досега се има квалификувано за учество на ова првенство, искрено се надева дека ќе биде биде поддржан од Општината, државните институции или успешните бизнис во достојно претставување на Македонија на истото.

Ова беше трета трка на Бонев во оваа година и втор подиум откако пред 2 седмици освои трето место на планинската трка Kopaonik SkyTrail во Србија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија