Марио качи уште еден болдер во Прилеп

Марио Минчевски ја качи „Голема Сметка“ – 8а

Марио Минчевски (СКК „Вертикал” – Битола) изминатиов ја качи болдер-насоката „Голема Сметка” со тежина од 8a.

Марио Минчевски (СКК „Вертикал” – Битола) уште еднаш ја покажа својата ненаситност кога станува збор за болдер-насоките. Изминатиов викенд тој ја качи болдер-насоката „Голема Сметка” со тежина од 8a, и стана првиот Македонец кој ја има искачено оваа тежина.

Сето ова се случува по одличниот пласман во Мостар, каде тој го освои второто место на меморијалниот натпревар „Бортис Трајковски 2015″, и искачувањето на болдер-насоката „Предатор” со тежина 7c+ во Прилеп.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија