Марго Хејес е првата девојка со качени 9а+

Наездата на млади и исклучително спремни девојки во доменот на качување продолжува со новото достигнување на 19-годишната Марго Хејес која успеа да ја качи првата насока со оцена 9а+ од страна на една жена. 

Овој викенд младата Марго која е родум од Болдер, Колорадо успеа да ја качи насоката Ла Рамбла во Шпанија и со тоа да стане првата жена која успева да искачи оцена со тежина од 9а+. Насоката се наоѓа на карпата Сиурана а истата е за првпат искачена во 1994 година од страна на германецот Александер Хубер. Во 2003 година насоката е продолжена од шпанецот Рамон Жулиан и долго време таа важеше за најтешка во светот.

На младата Марго и биле потребни седум дена работа и повторувачки обиди за да успее да ја искачи 45-метарската насока и да се впише во качувачката историја. Таа зад себе има искачено голем број насоки со оцена 8b, две 8c, една 9а и оваа 9а+. 

Покрај неа, на светската качувачка сцена гравитираат уште неколку имиња на исклучително млади но спремни девојки како Ашима Шираиши која минатата година качи 8C болдер проблем, Лаура Рогора и Јања Гарнбрет. 

Подоле следи едно постаро видео со Марго 

Следете ја Марго на Инста

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија