Наслов

Мапирани тагата и љубовта во човечкото тело

Топлото скокотливо чувство кога сте среќни или ладните морници кога се чувствувате тажно си имаат свое место на телото...

Емоциите го адаптираат човековото тело, за полесно да се справува со предизвиците кои го опкружуваат. Овие промени во телото може да предизвикуваат на пример болки во градите поврзани со тага или благо топло чувство кога се заљубуваме.

Истражувачите од Аалто Универзитетот тргнувајќи од овој факт, изработиле мапа на човековите емоции и каде истите најсилно ги чувствуваме. Истражувањето било спроведено на повеќе од 700 испитаници од Скандинавскиот регион и Тајван.

На сликата подолу можете да видите која топографска регија од телото како реагира на одредените емоции, а ништо чудно не беше тоа што научниците пронајдоа комплетно иста шема кај западните и источните народи што укажува на фактот дека колку и да делуваме различни, во душата ние сме сепак многу слични.

 

18 Февруари 2014

За авторот