Екологика

Наслов

Мали куќи, големи умови

Создадено од луѓе кои сакаат поголема слобода и стабилност во својот живот, запознајте ги мини куќите кои го рушат стереотипот за колкава би требало да биде една семејна куќа.

На западната страна од светов, особено во северна америка, просечната големина на една семејна куќа постојано расте, дуплирајќи се од почетокот на 70'тите до сега и покрај намалениот број на членови во семејството.

Причините за ова воглавно се поради зголемените материјални богатства и престижот. Или со други зборови, поради работи кои всушност немаат вистинско значење за свесниот човек...

Движењето познато како the tiny house movement e тотална контра офанзива на сето ова, создавање мали домови кои се водат од принципот помалку квантитет повеќе квалитет, усовршувајќи ја едноставноста во живеењето.

Mала куќа во која скоро се има повеќе функционалнотсти не само што го олеснува животот туку е и многу економски постабилна за живеење.

Бидејќи се минијатурни, тие се многу поефтини за градење, сметките за живеење се драстично помали, а во исто време луѓето кои живеат во нив се лимитирани во купувањето на материјални работи. Плус најдобриот дел - можат да се изработат со тркала и домот да биде мобилен.

Сето ова создава многу поголема слобода кон инвестирање во патувања, себе-унапредувања и зголемување на квалитетот на живеење.

Се пронаоѓате во приказнава? 

Погледнете го трејлерот на Outdoor Reaserch за турата со мали куќи - приказна за група сонувачи и номади кои се во постојана потрага по снежни авантури.

Домот е место кое го следи снегот. Домот е место кое нема корени...

09 Октомври 2014

За авторот