Македонските спортски федерации во Скопје Сити Мол (видео)

Почнувајќи од 5 до 7 јуни овој викенд, Скопје Сити Мол во соработка со Агенција за Млади и Спорт ги носи сите македонски спортски федерации на едно место, со што граѓаните имаат уникатна можност за подетално запознавање со истите. 

Во склоп на самиот трговски центар на повеќе различни локации македонските спортски федерации овој викенд ќе вршат отворена презентација и промоција на нивните спортови, натпреварувачи и тренери. Ова е одлична можност за сите граѓани, особено за најмладите да ѕирнат нешто повеќе за мноштвото на спортски активности кои се на репертоарот на Македонија. 

Во програмата најавени се и натпревари во шах и пинг-понг како и презентација на ракометниот камп на „Кире Лазаров 7”.

Повелете!!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија