Македонските кикбоксери со забележителен успех на „Сараево Опен”

Македонскaта експедиција во Сараево броеше 18 натпреварувачи кои остварија забележителен успех.

Во саботата (1.10.2016 година) во Сараево се одржа 7 Меѓунaроден куп
„Сараево опен” на кој учество земаа 189 кик боксери од 4 земји и повеќе од 54 клубови.

Освоени се вкупно 19 медали, 8 златни, 6 сребрени и 5 бронзени. Македонскиот тим беше прогласен за најдобар на овој куп, а посебна радост е прогласувањето на младата и перспективна Викторија Варадинова за најдбра кадетка. Варадинова настапи во 2 дисциплини кик лајт и лоу кик и во двете освои злато. Викторија Варадинова е член на КБК „Гладијатор” од Штип.

*Дисциплина лоу кик

ЗЛАТО
1. Слаѓан Димиќ -67кг јуниор
2. Викторија Варадинова -67кг постар кадет

СРЕБРО
3. Александар Димовски +91кг сениор

БРОНЗА
4. Елмаз Ракипи -71кг сениор
 

*Дисциплина кик лајт

ЗЛАТО
5.Јован Ѓошев -20кг деца
6.Викторија Варадинова -65кг постар кадет
7.Филип Ризов -57 кг јуниор
8.Стефан Сандев -69кг јуниор
9.Димитар Ѓорѓиев -79кг сениор
10.Столе Јордановски +94кг сениор

СРЕБРО
11.Блаже Главев -20кг деца
12.Славче Арсов -71кг јуниор
13.Филип Наковски -84кг сениор
14.Милан Кубин -91кг сениор
15.Стефани Тодорова -60кг сениор

БРОНЗА
16.Јована Арсова -50кг постар кадет
17.Мимоза Стаменковска -60кг сениор
18.Ненад Манојловски -69кг сениор
19.Елмаз Ракипи -71кг сениор

За кик боксерите купот Сараево опен беше проверка пред престојното Европско првенство во Марибор кое ќе се одржи од 22-30.10.2016.