Наслов

Македонската сениорска репрезентација спремна за светското во Белград

Кик Боксинг Федерацијата на Македонија Ве известува дека Македонската сениорска репрезентација ќе земе учество на Светско сениорско првенство во Белград –Србија од 25-31.10.2015 година.

Првиот дел од Европското првенство ќе се одвива во лоу кик , К 1 и кик лајт дисциплините од кик бокс спортот.

Македонија ќе ја претставуваат следните кик боксери и стручниот тим:

лоу кик

1.Пепи Велков -67 кг

2.Бобан Илиевски -71 кг

3.Александар Најдовски -86 кг

4.Александар Димовски +91кг

К1

5.Александар Наумовски -71 кг

6.Јетмир Емрули -75 кг

КИК ЛАЈТ

7.Виктор Дуковски -63 кг

8.Ненад Манојловски -69 кг

9.Димитар Ѓорѓиев -74 кг

10.Наим Самиу -79кг

11.Милан Кубин -89кг

12.Кристина Стојчевска -55 кг

13.Стефани Тодорова-65 кг

Репрезентацијата ќе ја предводи претседателот на КБФМ Александра Неделковска. Како дел од тимот се селекторот Дејан Митровски , тренерот Драган Атанасовски како и интернационалните судии Арбен Јонузи и Љупчо Стојчевски .

Репрезентативците за Белград заминаа веднаш по изведените подготовки во Дојран во хотел Истатов кои поминаа во најдобар ред. Сениорската репрезентација е подмладена со нови имиња од кои како и од нивните постари колеги се очекува да го дадат максимумот на ова светско првенство.

24 Октомври 2015

За авторот