Наслов

Македонија со успешниот настап на Eвропскиот куп ,,Хрватска опен 2015 "

Кик боксинг федерацијата на Македонија со успешниот настап на Eвропскиот куп ,,Хрватска опен 2015 " кој се одржа денес 13.12.2015 год ги заврши своите активности за оваа година.

Освоени се 5 медали и тоа од најмладите кик боксери членови на кик бокс клубот ,,Гладијатор" од Штип.

На купот во Загреб учество земаа 550 спортисти од 8 земји и 77 клубови, а честа да го прогласи купот за отворен имаше градоначалникот на Загреб , Бандич.
Младите Македонски кик боксери ,постари кадети и јуниори освоија вкупно 5 медали и тоа
3 сребрени и 2 бронзени.

Сребрени медали освоија :

-Викторија Варадинова -60кг кик лајт во борбата за злато изгуби на поени од Амина Шехич од БиХ
-Стефан Сандев -63кг кик лајт во борбата за злато изгуби на поени од Иван Хорват од Хрватска
-Ѓоше Ѓошев -47кг кик лајт во борбата за злато изгуби на поени од Стјепан Седак од Хрватска

Брозени медали освоија :

-Викторија Варадинова -60кг лајт контакт
-Столе Јордановски +94кг кик лајт

Јована Арсова -55кгкик лајт (загуби од Џанета Љубљанкич БиХ)
и Божјидар Јанков -63кг кик лајт (загуби од Ерик Буза ХР) овој пат немаа среќа.

14 Декември 2015

За авторот