Македонија со претставници на Европските младински игри – Тибилиси 2015

Во Тбилиси, Грузија, во периодот од 26 јули до 1 август, ќе се одржи 13-от Европски Летен Младински Олимписки Фестивал 2105 (EYOF Tbilisi 2015).

На програмата на овие игри вклучени се 9 спортови и тоа: џудо, тенис, гимнастика, велосипедизам, атлетика, пливање, одбојка, ракомет и кошарка.

Учество на игрите ќе земат над 3800 млади спортисти од 50 европски земји кои ќе се натреваруваат меѓусебно на 11 натпреварувачки локации.
Сите спортски објекти се нови, модерни, според најсовремените стандарди и се на половина час оддалеченост од олимпиското село. За прв пат во историјата на Европските младински олимписки фестивали ќе се имплементира 6 (шест) дневниот натпреварувачки формат.
Македонската делегација, за која во целост се покриени сите финансиски трошоци од страна на Македонскиот олимписки комитет, ќе се натпреварува во спортовите џудо и пливање, со следните спортисти:

ЏУДО
1. Амра Фејзула – спортист
2. Берна Шерифовска – спортист
3. Борче Ангелов – спортист
4. Горан Мицкоски – тренер

ПЛИВАЊЕ
1. Ана Јаневска – спортист
2. Андреј Селезенев – тренер

Шеф на делегацијата ќе биде спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.
Церемонијата на свеченото отварање на игрите е во недела на 26 јули, а игрите ќе бидат затворени со церемонијата во сабота, 1 август.