Македонија со бронза и петто место од eвропското кик-бокс првенство

Мики Ивановски -81кг К1 во борбата за пласман во финале се сретна со Ласло Сабо од Унгарија.

Самата борба се одвиваше со темпо кое го наметна нашиот претставник и со размена на многу рачни и ножни удари. Физичката подготвеност и техниката беше на завидно ниво кај двајцата кик боксери.

Крајот на настапот и бронзената медала да не биде сребрена или златна го решија само неколку ножни удари на крајот на третата рунда. Ивановски, а и целата македонска репрезентација мораше да се задоволи со 3то место.

Македонија се враќа од Европското првенство со еден бронзен медал од Мики Ивановски и едно петто место освоено од младиот и перспективен Коцев до 54кг лоу кик .

Следната шанса за подобар скор Македонските кик боксери ќе ја имаат следниот месец на вториот дел од Европското првенство кое ќе се одржи во Марибор, Словенија.