Македонија има светски шампиони

Македонија со полн плен се враќа од светското првенство во Кик Бокс кое се одржа во Белград.

Ненад Манојловски -69кг кик лајт извојува победа над Искендер Челеби од Турција и го понесе приматот светски шампион.

Димитар Ѓорѓиев -74кг кик лајт со победа над Полскиот претставник Јерзи Нроски по 3 пат едно по друго стана светски шампион.

Конечен скор од две први места и една бронза (Стефани Тодорова) од 20-то светско првенство.
На  радоста во Македонскиот тим нема граници, два пати се вее знамето на врв и се пее Македонската химна.

Шлагот дојде на самиот крај кога Ненад Манојловски беше прогласен за спортист на татами. Тоа значи најдобар, најфер најдобар техничар, спортист со големо срце.
Нашата Репрезентацијата од Белград  се враќја во Македонија утре.