Наслов

Мајстори на својот занает

Иако бевме навикнати да го гледаме шкотскиот велосипедист Дени Мекаскил како прави неверојатни скокови и изведби низ улиците на многу светски метрополи, тој изненади со нов стил.

Со цел да ги поддржи игрите на Commonwealth во 2014 година, излезе од својот стереотип и се впушти во велодромски велосипедизам под туторство на Сер Крис Хој - неколкукратен британски олимпиец.

Откако двајцата заедно снимија спот, Мекаскил изјави:

Крис е легенда и можноста да работам со него беше сосема надреално искуство, и да бидам искрен никогаш нема да го заборавам".

Погледнете што се случува кога ќе се спојат најуспешниот британски олимпиец Сер Крис Хој и мајсторот на екстремен велосипедизам Дени Мекаскил.

 

17 Февруари 2013

За авторот