Маја Бошкоска – Поздрав од базен камп на Аконкагва

Македонската планинарка Маја Бошкоска се наоѓа во базниот камп на Аконкагва – Плаца де Мулaс, а аклиматизацијата е веќе извршена. Во следниот период се очекува соодветна прогноза и искачување на врвот. 

Аконкагва 6,960 м.н.в претставува највисок врв надвор од азискиот континент, а воедно и највисок на јужната и западна земјина полутопка. Врвот е сместен во планинскиот венец на Андите и се наоѓа блиску го границата на Аргентина и Чиле (планината целосно лежи на аргентинско тло). 

Нашата планинарка од ПК Кораб, Маја Бошкоска овој февурари е во експедиција која цели кон искачување на врвот. Групата оди по класичната северо-западна рута преку базниот камп Плаца де Мулас 4300 мнв. Екипата ја има завршено аклиматизацијата со спиење на вториот камп – Нидо де Кондорес кој се наоѓа на 5550 мнв. и се наоѓа во Базниот камп, а според информациите од Маја, планот е на 11ти да се тргне нагоре и во следните 3 дена да се искачи врвот. 

Маја беше дел и од првата македонска женска екипа на врвот Мера на Хималаите

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија