Loved by all – Приказната за Апа Шерпа – цел филм

„Го искачив Еверест 21 пат, повеќе од било кој на планетата земја, но никому не би го посакал истото.”

Како дете кое расте во долината Кумбу, Апа Шерпа пешачи на училиште по шест часа во еден правец. Сонува да стане доктор. Но, на 12 годишна возраст откако неговиот татко починува тој започнува да работи како носач на планина за да го издржи семејството. И покрај ризиците на една од најризичните работи во светот, тој постанува хималајска легенда.

Филмот “Loved by all” ги документира денешните проблеми на Пемба Шерпа, младо момче кое го оди истиот животен пат како и Апа, како и работата на Фондацијата Апа која цели да отвори нови патишта на младите во руралните краишта на Непал. Според Апа „без едукација си оставен без избор”.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија